-->
-->
Евролига: Црвена Звезда го совлада Реал М.
-->
Екипите на Реал Мадрид и на Олимпијакос синоќа претрпеа порази на гостувањата кај Црвена Звезда и Бамберг во кошаркарската Евролига на дуелите од 14.коло. Ова за двата тима е петти пораз. Во Белград, Црвена Звезда на Реал Мадрид во ниту една четвртина не му дозволи да постигне повеќе од 20 поени и предводена од капитенот Марко Симоновиќ стигна до триумф. Во слична ситуација беше и Олимпијакос, кој на гостувањето кај Бамберг во двоцифрена негатива беше во најголемиот дел од натпреварот.
Резултати на натпреварите од 14.коло одиграни синоќа: Галатасарај – Анадолу Ефес 76:86, Црвена Звезда – Реал Мадрид 82:70, Жалгирис – Уникс Казан 80:88 и Бамберг – Олимпијакос 82:68.
Вечерва се играат другите натпревари од оваа рунда: ЦСКА Москва – Фенребахче, Дарушафака – Макаби, Панатинаикос – Басконија и Барселона – Милано.
Табела: ЦСКА Москва 12-1 (победи - порази), Басконија 9-4, Реал Мадрид 9-5, Олимпијакос 9-5, Панатинаикос 8-5, Фенербахче 8-5, Дарушафака 7-6, Анадолу Ефес 7-7, Црвена Звезда 6-8, Макаби 5-8, Барселона 5-8, Бамберг 5-9, Жалгирис 5-9, Уникс 5-9, Милано 4-9, Галатасарај 4-10.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош