Еврокомесарот Хан во посета на Прифатниот центар во Гевгелија
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој престојува во посета во Македонија денеска во Гевгелија ќе го посети Прифатниот центар за мигранти.
Заедно со него најавено е дека ќе присуствуваат и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски.
Во однос на бегалската криза еврокомесарот Хан вчера порача дека ЕУ ќе и помогне на Македонија во справување со овој проблем за да таа не стане жртва на оваа состојба, која што е резултат на состојбите на Блискиот исток. ЕУ мора да си ја заврши својата работа, а тоа не го стори досега, рече Хан и најави дека следната недела ЕК, а потоа и на престојниот Совет на ЕУ ќе се донесе заеднички документ за европска солидарност.
Поради зголемениот обем на мигранти, Македонија го продолжи рокот за постоење кризна состојба на јужната граница до 15 јуни 2016 година. За оваа одлука вчера во македонското Собрание гласаа вкупно 82 пратеника.
Според информациите со кои располага Министерството за внатрешни работи, преку територијата на Македонија од почетокот на годинава транзитирале 300.000 илегални мигранти, а откако е прогласена кризна состојба се регистрирани 35.630 мигранти, но вистинскиот број се смета дека е многу поголем.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години