Еврокомесарот Хан на средба со Вучиќ и Брнабиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград ќе има средба со европскиот комесар за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Според српски медиуми, ќе бидат потпишани два документа: Финансиски договор за секторско-буџетска поддршка за интегрирано управување со границата, односно Договор за донација меѓу ЕУ и Србија за помош во решвање на мигрантската криза. Тие документи ќе ги потпише министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и министерот за труд Зоран Шорчевиќ со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување, Геновева Руиз Калвера.
Хан денеска во Белград ќе има средба и со премиерката на Србија Ана Брнабиќ.
Хан доаѓа во Србија, еден ден откако во Стразбур беше претставена Стратегијата на ЕУ за Западен балкан, во која беа дадени насоки на Србија за тоа кога и под кои услови би можела да биде примена во Унијата. Во Стратегијата се наведува дека Србија може да стане членка на ЕУ во 2025 година, доколку ги исполни сите услови, вклучувајќи го и правно обврзувачкото нормализирање на односите со Косово.
Ново на Сител
-
Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни
-
Промена на времето од четврток – дожд, грмежи и пад на температурите
-
Концентрациите на PM10 во Трубарево во рамки на дозволеното и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност
-
Вчера лишени од слобода деветмина, а санкционирани 772 возачи за разни прекршоци
-
Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора
-
Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
-
Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити
-
Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството