Еврокомесарот Хан ги почна средбите со лидерите на политичките партии
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан попладнево во Скопје ги почна средбите со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание, на кои се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември минатата година.
Првата средба на Хан е со лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, по што ќе следат средбите со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со Мендух Тачи од ДПА, со Али Ахмети од ДУИ, со Зоран Заев од СДСМ, а последна според најавите ќе биде средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
На прес-конференцијата што се одржа попладнево по министерскиот состанок за Западен Балкан чиј домаќин беше македонското МНР, Хан изјави дека е дојден во Скопје да ги ислуша лидерите на политичките партии и да пренесе порака дека по спроведените избори следен чекор е формирање влада со широка солидна основа посветена на ЕУ агендата.
- Важно е новата влада да се формира на солидна широка основа и да ја следи европската перспектива. Нема да даваме совети на која било партија како понатаму да продолжи со своите активности, но сите треба да бидат свесни за сопствената одговорност, рече Хан на прес-конференцијата.
Еврокомесарот Хан активностите ги започна утрината со средба со премиерот Емил Димитриев по што во Владата на РМ присуствуваше на состанокот на министрите за енергетика.
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува