Еврокомесарите Хан, Вархеј и Џентолини со позитивни оценки од средбите со Бесими: Репубика Македонија продолжува со реформскиот пат
Еврокомесарите за буџет и администрација Јоханес Хан, за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји и за економија Паоло Џентолини излегоа со позитивни оценки за средбите со министерот за финансии Фатмир Бесими во Брисел, посочувајќи дека Република Македонија продолжува со реформите поврзани со членството во Европската унија.
– Добра дискусија со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска. Важно е дека Македонија продолжува да испорачува ЕУ реформи. Исто така, фокусот беше на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан – неговата имплементација ќе биде клучот за пост-ковид заздравување, напиша еврокомесарот Вархеји на Твитер.
Еврокомесарот Хан, исто така на Твитер, наведе дека му било задоволство да се сретне со Фатмир Бесими, министер за финансии на Македонија.
– Имавме плодна дискусија за постковид економското заздравување и мерките кои треба да се преземат. ЕУ продолжува да ја поддржува земјата и земјите од Западен Балкан во нивните реформски патеки. Фокусот останува на владеење на правото, напиша Хан.
Министерот Бесими е во дводневна официјална посета на Брисел во рамки на која има повеќе средби со еврокомесари, со директорот на Директоратот за соседство и проширување и со Светска банка.
Ново на Сител
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања