Еврогрупата се согласи за третиот спасувачки пакет за Грција
Министрите за финансии на земјите од еврозоната постигнаа согласност за трет спасувачки пакет за Грција, чија вредност може да достигне 86 милијарди евра, соопштија ЕК и Еврогрупата.
- Нови кредити, чии размери можат да достигнат 86 милијарди евра, ќе бидат одобрени за Грција во следните три години, соопшти ЕК.
Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум изјави дека 25 милијарди евра од оваа сума ќе бидат наменети за рекапитализација на грчките банки.
На 20 август Грција треба да и исплати на Европската централна банка 3,4 милијарди евра.
Генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард го поздрави постигнатиот договор во Еврогрупата за трет спасувачки план за Грција, но побара значително отпишување на грчкиот долг од страна на европските земји.
Таа потенцира дека „долгот на Грција станал нестабилен и од огромно значење е европските партнери на земјата да преземат конкретни ангажирање за значително отпишување на долгот“.
Голем број европски земји, на чело со Германија, бараат ММФ да учествува во спасувачката програма за Грција, но се исклучително резервирани кон идејата за отпишување на грчкиот долг, кој изнесува околу 170 проценти од бруто домашниот производ (БДП).
Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос истакна дека постигнатиот договор за финансиска помош за Грција ќе ја придвижи земјата напред, бидејќи ќе се создаде постабилен финансиски систем кој нема да биде штетен за банкарските депоненти.
Ново на Сител
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана
-
Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
-
84-годишник сечел дрва, едно паднало врз него и го убило