-->
-->
Евробаскет: Чешка ја изненади Хрватска
-->
Кошаркарите на Чешка го направија првото изненадување во осминафиналето на ЕП откако денеска во Лил ја победија Хрватска со 80:59. Со исклучок на првите минути кога беше нерешено до 9:9, потоа Чешка имаше водство во текот на целиот тек на натпреварот. Во 29.минута прсдноста беше и 30 поени (63:33).
Предводени од тандемот Јан Весели и Томаш Саторански кои имаа дабл-дабл учинок Чесите се изборија за четвртфинале што е нивни најдобар учинок на ЕП.
Весели имаше 20 поени и 13 скокови, а Саторански 10 поени и 11 асистенции и 5 скокови. Двоцифрени беа уште: Бенда 11 поени, Јелинек 13, Шилб 12, а Велш имаше 9 асистенции.
Кај Хрватска стартерот Томиќ остана без поени, а „коцкастите“ имаа вкупно 24 грешки.
Чешка во четвртфиналето ќе игра со победникот од дуелот Србија - Финска (пренос СИТЕЛ 3 14:30 часот).
Вечерва играа уште: Изреал - Италија и Литванија - Грузија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
