-->
-->
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-->

По елиминацијата на Италија од Евробаскетот селекторот Џанмарко Поцеко поднесе оставка. Тој на прес конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на Италија.
– Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од тимот, како и на менаџерот на репрезентацијата и на претседателот на федерацијата. Вечерва сум тажен, не заради поразот туку дека ги гледам дека сите се во жалост. Може да најдат нов тренер како мене, но нема да најдат некој што ќе ги сака повеќе од мене, изјави Поцеко.
Италија вечерва во осминафиналето загуби од Словенија со 77:84. Оваа репрезентација остана без четвртфинале за првпат по 2013 година.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
