Евробаскет 2025: Германија прв финалист
Кошаркарите на Германија се првите финалисти на Евробаскет 2025 откако попладнево во првото полуфинале ја совладаа Финска со 98:86 (30:26; 31:21; 20:26 и 17:13). Во второто полуфинале вечерва играат Грција и Турција.
Кошаркарите на Финска подобро го почнаа натпреварот и поведоа со 14:6, но потоа на сцена беа играчите на светскиот првак Германија и до крајот на првиот период Германија го презеде водството – 30:26. На крајот на првиот дел беа и убедливи 61:47.
Во второто полувреме Финска успеа на ја намали негативата на шест поени (71:77), но не успеа да направи пресврт.
Најефикасни кај победникот беа Денис Шредер со 26 поени и Франц Вагнер со 22 поена.
Финска во недела со поразениот од дуелот Грција – Турција ќе игра натпревар за бронзениот медал.
МИА
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење