-->
-->
Евробаскет 2017: Уште еден медал за Шпанија - овојпат бронзен
-->

Репрезентацијата на Шпанија го освои третото место и бронзениот медал на Евробаскет 2017 откако попладнево во „малото финале“ ја совлада Русија со 93:85 (21:13; 24:15; 21:27 и 27:30). Ова за Шпанија е четврти бронзен медал на европските првенства или вкупно 13.ти медал во историјата. „Црвената фурија“ на последните десет европски првенства само на едно не освои медал (4.место).
натпреварот за бронзата Шпанците го решија во првиот дел кога на полувреме имаа водство од 45: 28. Русија успеа да намали на три минути пред крајот на 78:76, но не и да направи пресврт слично како и во полуфиналето со Србија кое го загуби. Најефикасни кај Шпанија беа браќата Гасол, Пау постигна 26 поени, а Марк 25. Во редовите на Русија најефикасен беше Алексеј Швед со 18 поени.
Вечерва со почеток во 20:30 часот се игра финалето меѓу Словенија и Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
