-->
-->
Евробаскет 2015: Едно полувреме недоволно за победа над Хрватска
-->

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство откако вечерва загуби од домаќинот Хрватска со 73:55 (15:18; 15:14; 22:10 и 21:13).
На полувреме Македонија водеше 32:30, но во вториот дел ривалот заигра подобро во одбраната и нашиот напад се потешко наоѓаше решение.
Најефикасен кај Македонија беше Предраг Самарџиски со 10 поени, а по 9 постигнаа браќата Стојановски. Најпрецизен на дуелот беше Дарио Шариќ со 15 пооени.
На другите два дуела од групата Ц: Словенија - Холандија 81:74 и Грузија - Грција 68:79.
Табела: Грција 3-0 (победи - порази), Хрватска 2-1, Словенија 2-1, Холандија 1-2, Македонија 1-2, Грузија 0-3.
Утре македонската репрезентација го игра решавачкиот дуел за пласман во осминафиналето против Грузија со почеток во 18 часот со директен пренос на СИТЕЛ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
