Кошарка
10. September 2015 - 9:35

Евробаскет 2015: Директни преноси на СИТЕЛ и СИТЕЛ 3

Македонската репрезентација попладнево го игра вториот решавачки натпревар на Евробаскетот. За пласман во осминафиналето потребна е победа над Словенија и во следниот дуел од групата Ц Хрватска да ја победи Грузија.

Каков ќе биде исходот ќе можете да проверите низ преносите на СИТЕЛ и на СИТЕЛ 3.
Македонија - Словенија (15 часот - СИТЕЛ)
Хрватска - Грузија (18 часот - СИТЕЛ 3)
Грција - Холандија (21 часот - СИТЕЛ 3).