Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ

Вкупно 58 отсто од жителите на земјите членки на ЕУ се оптимисти за иднината на Унијата, а 55 проценти од нив изјавиле дека се сигурни во силата на европската демократија, покажуваат најновите резултати од истражувањето Евробарометар.
Од друга страна, 37 отсто од анкетираните Европејци изразуваат песимизам околу иднината на ЕУ, а додека 41 проценти не се уверени во јачината на демократијата во блокот.
Како главни предности на ЕУ, 38 отсто од испитаниците ги идентификувале почитувањето на демократијата, човековите права и владеењето на правото, 34 проценти нејзината економска, индустриска и трговска моќ, а 28 отсто добрите односи и солидарност меѓу земјите членки на Унијата.
Како приоритетни области на кои треба да се посвети ЕУ, по 33 проценти од анкетираните ги посочиле заштитата на животната средина и борбата со климатските промени и справувањето со илегалната миграција, за 29 отсто тоа се безбедноста и одбраната, за 25 проценти војната во Украина.
Дури 64 отсто од граѓаните на ЕУ загрижени за безбедноста на ЕУ во следните пет години.
Половина од анкетираните или 50 отсто, токму војната во Украина ја сметаат за најголем предизвик со кој се соочува ЕУ, по што следуваат илегалната миграција, која за главен предизвик ја сметаат 41 отсто Европејци и животната средина и климатските промени, кои се врвен предизвик за 35 проценти од испитаниците.
Доверба во перформансите на европската економија во следните пет години искажале 51 отсто од Европејците, додека 45 проценти се скептични во однос на економските перспективи до 2029 година.
На прашањето „кои вредности најдобро ги отсликуваат ЕУ во споредба со другите земји во светот“, по 53 отсто од Европејците ги посочиле почитувањето на основните права и вредности, како и слободата на говор и изразување.
Анкетата е спроведена помеѓу 25 јуни и 2 јули годинава и со неа биле опфатени 25,658 граѓани од сите 27 земји членки на ЕУ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
