ЕВН Македонија ја модернизира дистрибутивната мрежа во општина Илинден
ЕВН Македонија стартуваше со реализација на проектот за изградба на нова и реконструкција на постоечката дистрибутивната електрична мрежа во општина Илинден.
До крајот на годината и идната година ќе се гради нова нисконапонска мрежа за индустриската зона и новата населеба во Марино. Ќе се гради и нова мрежа, а ќе се реконструираат постојните врски во стопанскиот комплекс Илинден. Во целост ќе се реконструира и 10 кВ далековод во областа Јака, каде ќе се изградат и нови дистрибутивни трафостаници за потребите на над 550 корисници кои во иднина треба да се приклучат на дистрибутивната мрежа.
- Со досега реализираните и новите проекти ќе се подобри квалитетот на напојувањето, односно напонските прилики во индустриските зони, а ќе се подобри и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија на сите постоечки корисници во oпштина Илинден, изјави Игор Гиевски, член на УО на ЕВН Македонија, кој денеска ја посети општина Илинден.
Градоначалникот Жика Стојановски потенцира дека проширувањето и подобрувањето на дистрибутивната мрежа ќе продолжи и во наредните години.
- Ќе продолжиме да создаваме услови за општина Илинден да прерасне во урбана и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски развој, подобрени услови за стопанисување, како и квалитетен живот на населението, посочи Стојановски.
ЕВН Македонија го реконструираше и среднонапонскиот извод на потегот од село Бучинци кон село Грушино, каде целосно се реконструирани пет дистрибутивни трафостаници 10/0,4 кВ. Во реонот на Миладиновци поставени се нови бетонски столбови и нова изолирана мрежа во должина од 1 километар. Целосно е реконстуиран далноводот кој проаѓа низ новата населба Јака во должина од 1000 метри,
Во завршна фаза е поставувањето на нов среднонапонски извод од ТС Бунарџик до локалната индустриска зона Марино-Кадино во должина од 3.300 метри кабелска мрежа. Новиот извод целосно ќе изврши подобрување на напонските прилики во овој реон и ќе овозможи квалитетно и сигурно снабдување на потрошувачите во овој реон и на индустриските комплекси кои се во изградба.
Во целиот проект за изградба на нова и реконструкција на старата дистрибутивна мрежа во општина Илинден, ЕВН Македонија ќе вложи околу 500.000 евра.
Ново на Сител
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај