Евиденција на колективните станбени згради во Гази Баба
Општина Гази Баба и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Како што соопштија од општината, целта на соработката е воспоставување на евиденција на колективните станбени згради и управители, подобрување на енергетската ефикасност и управувањето со станбените згради на територија на општина Гази Баба.
Покрај воспоставувањето на Регистар на станбени згради и регистарот на управители на станбените згради, ќе се обезбедат совети за подобрувањето на квалитетот на домувањето во колективните станбени згради.
- За време на реализирањето на овој проект, ќе се организира обука на тимовите кои на терен ќе ги спроведуваат активностите, при што ќе се направи системска евиенција на станбените згради и управителите. Ќе се направи и собирање на податоци за градежните и енергетските карактеристики на станбените згради, кои ќе се внесуваат електронски и со тоа ќе се направи електронска база на податоци, кои ќе бидат од големо значение за граѓаните и општината, се наведува во соопштението на општината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток