-->
-->
Евгени Поп Ацев прв Македонец победник на Охридскиот пливачки маратон
-->
Македонскиот пливач Евгени Поп Ацев е победник на 29.тото издание на Охридскиот пливачки маратон.
Евгени Поп Ацев прв Македонец победник на Охридскиот пливачки маратон. Конечно во 29-тото издание на Охридскиот маратон, Поп Ацев стана првиот Македонец кој прв доплива до целта на охридското пристаниште, на патеката долга 30 км. чиј старт беше кај Свети Наум.
На маратонот кој е дел од „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација, Поп Ацев во неизвесен финиш стигна пред Аргентинецот, Дамјан Блаум и вториот македонски пливач Томи Стефановски кој заврши како трето пласиран.
Во женска конкуренција, првото место и припадна на Личе Франко од Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз