-->
-->
Евертон: Најдобриот стрелец во ПЛ вреди 120 милиони
-->
Со барањето на високи 100 милиони фунти (120милиони евра) Евертон сака да го задржи Ромел Лукаку (23) кој е најдобар стрелец во Премиер лигата со 24 погодоци и играа во одлична форма.
Најзагреани за Белгиецот се Челзи и М.Јунајтед. „Сините“ во Лукаку гледаат замена за Диего Коста кој ќе замине најверојатно во Кина.
Лукаку во меѓувреме изјави дека не останува на „Гудисон парк“ бидејќи сака да игра во клуб кој настапува во ЛШ и освојува трофеи. Евертон пак од друга страна најави дека ќе доведе засилувања за да биде поконкурентен во Премиер лигата и за тоа на голгетерот му понуди неделна плата од 180 000 евра неделно.
Лукаку пред 6 години веќе играше во Челзи кој за него плати 24 милиони а потоа беше продаден на Гудисон парк за 36 милиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем