Фудбал
19. April 2017 - 13:00

Евертон: Најдобриот стрелец во ПЛ вреди 120 милиони

Со барањето на високи 100 милиони фунти (120милиони евра) Евертон сака да го задржи Ромел Лукаку (23) кој е најдобар стрелец во Премиер лигата со 24 погодоци и играа во одлична форма. 
Најзагреани за Белгиецот се Челзи и М.Јунајтед.  „Сините“ во Лукаку гледаат замена за Диего Коста кој ќе замине најверојатно во Кина. 
Лукаку во меѓувреме изјави дека не останува на „Гудисон парк“ бидејќи сака да игра во клуб кој настапува во ЛШ и освојува трофеи. Евертон пак од друга страна најави дека ќе доведе засилувања за да биде поконкурентен во Премиер лигата и за тоа на голгетерот му понуди неделна плата од 180 000 евра неделно. 
Лукаку пред 6 години веќе играше во Челзи кој за него плати 24 милиони а потоа беше продаден на Гудисон парк за 36 милиони.