Евентуалното затворање на шенген зоната би можело да чини 18 милијарди ерва годишно
Евентуалното затворање на границите во шенген зоната поради миграциската криза може да ја чини европската економија милијарди евра, објави германски весник „Зидојче“, повикувајќи се предлог-документ на Европската комисија.
Со граничната контрола граѓаните ќе бидат лишени од можноста за слободно движење, но ќе нанесе штети на внатрешниот пазар.
ЕК проценува дека тоа ќе ја чини европската економија од седум до 18 милијарди евра годишно.
Секој ден околу 1,7 милиони европски граѓани ги преминуваат државните граници за да пристигнат на работните места. Ако биде воведен гранична контрола европскиот бизнис ќе загуби околу 2,5 до 4,5 милијарди евра. Покрај транспортниот и логистичкиот ќе настрада и туристичкиот сектор.
- ЕК разработи план за зачувување на зоната за слободно движење во шенген зоната со цел да се избегнат слични сценарија, пишува „Зидојче“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува