Еве зашто од првата утринска цигара најчесто се добива рак!
Луѓето кои утрото веднаш по будењето палат цигара имаат значајно поголем ризик од неколку опасни и смртоносни болести. Поради тоа размислите уште еднаш пред да го повлечете првиот дим.
Утринското пушење се дефинира како палење на цигара во првиот половина час по буењето, а оваа навика го зголемува ризикот за добивање рак на белите дробови за 79% во споредба со нејзиното палење еден час покасно.
Овие „рани“ пушачи исто така имаат и 59% поголем ризик за развивање на рак на главата или вратот.
Точната причина за толкавото зголемување на ризикот сеуште не е познат, но истражувачите сметаат дека главната причина е тоа што луѓето кои истиот момент по будењето палат цигара стануваат поголеми зависници.
- Овие луѓе имаат значително поголемо ниво на никотин и други токсини од тутнот во своето тело и веќе се навлечени на цигари затоа што не можат да сочекаат еден час. Исто така, ваквите луѓе пушат со значително поголем интезитет и поради тоа увлекуваат поголем дим во белите дробови и се изложуваат со поголема количина на канцерогени материјали, смета докторот Џошуа Мускат од Пен Стејт од медицинскиот колеџ, а пренесува магазинот Time.
Се ова укажува на фактот дека веднаш по будењето се фаќаат за цигарата посебно се ранливи на рак.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да коленичиме пред Софија
-
Анкета на ИПИС: Граѓаните имаат високи очекувања од владата на Мицкоски
-
Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер
-
Зголемувањето на пензиите ќе биде на рати
-
Николоски: Пругата до Бугарија завршува со тунел што нема крај, еден километар чини 24 милиони евра
-
Подолга целодневна настава и воведување една смена во училиштата - примарни реформи на министерката за образование
-
Онкологија доби нов директор - предизвици и проблеми еден куп
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март