-->
-->
Еве што може да ви помогне при откажување на цигарите!
-->

Веќе неколку пати сте се обиделе да престанете да пушите, но безуспешно? Научниците од Израел откриваат дека омега 3 масните киселини можат да ви ја намалат потребата за цигари.
Пушачите кои земаат додатоци како рибиното масло пушат за 10 проценти помалку цигари, така што додатокот на омега 3 масни киселини ја намалува потребата за цигари.
Недостатокот на омега 3 масни киселини е чест кај пушачите, а тоа ги оштетува деловите на мозокот, кои се всушност задолжени за контрола на потребите.
-За време на истражувањето откривме дека омега 3 масните киселини се делотворен сојузник во одвикнувањето од цигари, кои за разлика од бројните други лекови немаат нус појави, изјави д-р Шерон Рабиновитз Шенкар.
Најдобри извори на омега 3 масни киселини се лососот, скушата, сардините, пастрмката, јаткастите плодови, семките од сончоглед и маслиновото масло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
