Еве што ќе ви се случи ако ве касне овој вид пајак

Црната вдовица е најотровниот вид пајак во Европа, односно еден од најотровните видови во светот. Распространет е на сите континенти. Убодот од црна вдовица е екстремно опасен. Отровот на овој пајак е 15 пати посилен од другите пајаци, а кај здравите лица ретко предизвикува смрт.
Првите 15 минути ќе почувствувате грчеви на местото каде што ве каснало. Во првиот час бедрата, грбот и рамената почнуваат да се грчат, бидејќи отровот го тера нервниот систем да се ослободи од неуротрансмитерите задолжени за работа на мускулите. Тогаш започнуа отежнато стоење и седење. Потоа станува уште потешко. Следните два часа се јавува тапа болка во подрачјето на абдоменот, а помеѓу третиот и дванаесетиот час кожата станува влажна, се јавуваат тешкотии при дишење, грчеви по телото, а можна е појава на несвестица.
По 12 часа симптомите полека се смируваат, но за целосно исцелување потребни се неколку дена. Грчевите и слабост на мускулите можат да трат со недели, па дури и месеци, по убодот.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
