-->
-->
Еве кој го измисли популарниот спинер
-->
Жената која ги направи популарната играчка „спинер“ која го освојува целиот свет немала пари за да го продолжи патентот за своето откритие, па не може да си ја плати ниту сметката за телефон, пренесува Гардијан.
Кетрин Хетингер (62) од Флорида би требала да ужива во плодовите на својата креативност, посебно две децении откако ја направила оваа заразна играчка. Меѓутоа, и се случила судбината на многу други пронаоѓачи кога во 2005. година не можела да ја плати таксата од 400 долари за продолжување на патентот.
Таа моментно е принудена да ја замени својата и онака мала куќа за еднособен стан, а не е сигурна ниту дали воопшто сака да го обновува договорот со телефонската компанија бидејќи не може да си го дозволи тоа задоволство.
-Тешко е да се биде пронаоѓач. Само три отсто заработуваат какви било пари. Гледав како другите ставаат хипотеки на своите домови и трпат големи загуби. Морате да пронајдете цимери или да побарате помош од семејството и пријателите. Тешко е, вели Кетрин која верува дека досега би седела многу пари.
Истакнува дека многу луѓе прашуваат дали е бесна, но вели дека и е мило кога гледа дека на луѓето им се допаѓа нејзиниот пронајдок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ