Македонија
20. October 2015 - 18:44

Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а повторно ќе се појават кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер, а во раните утрински часови се уште ќе има слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток кога на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за пет до осум степени во однос на денешната.