Еве какво време не очекува утре
Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.
ВРЕМЕТО УТРЕ:
Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, позастапен во јужните и источните делови од земјава. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската темература ќе се спушти од 12 до 17, анајвисоката дневна ќе се искачи само од 18 до 26 степена.
СКОПЈЕ УТРЕ:
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 а дневната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат. Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.
Утринските температури ќе се спуштаат до недела и понеделник наутро, а од вторник и наотро температурата ќе биде се повисок.
Ново на Сител
-
Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела
-
Претрес во Пробиштип, приведени две лица, пронајдени дрога и куршуми
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот
-
Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава
-
Нова видеоигра „Титаник“, каде што треба да се избега од бродот | ВИДЕО
-
Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот
-
Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади