Македонија
5. January 2017 - 18:12

Еве какво време не очекува утре

Времето утре  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во источните делови каде ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус три, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во наредните три дена времето ќе биде стабилно и суво. Утрата ќе бидат студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Кон средината на наредната недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.