Еве какво време не очекува денес

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 31 до 37 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во охридско-преспанскиот регион утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена, а во дојранскиот регион утринската ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 36 степени.
Во наредните денови па се до среда, нашево подрачје ќе биде под влијание на стабилна и топла воздушна маса која ќе предизвика претежно сончево и доста топло време. Особено топло за овој период ќе биде времето во северните и североисточните делови на земјава.
Од среда кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста со локален дожд, ретки грмежи и благ пад на температурата на воздухот.
Ново на Сител
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
