Еве какво ќе биде времето денес

Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната до 32 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала доумерена облачност и со слаб ветер од севрозападен правец.
Утринската температура ќе биде околу 21, а дневната ќе достигне до 38 степени.
Во охридско преспанскиот регион сончево со попладневна облачност кон крајот на денот и со температура до 33 степени.
Во дојранскиот дел температурата ќе достигне до 38 степени.
Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до сабота во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
