Еве како ќе гласа Дејвид Бекам на референдумот в четврток
Поранешнииот капитен на англискиот национален фудбалски состав Дејвид Бекам на референдумот в четврток ќе гласа за останување на Велика Британија во ЕУ.
- Бевме подобри и поуспешни како тим, поради играчите од земјите вон Велика Британија, напиша Бекам на Фејсбук, говорејќи за периодот кога играше за Манчестер Јунајтед.
Бекан ја започна својата фудбалска кариера во Манчестер Јунајтед, а потоа како државјанин на земја членка на ЕУ играше и за Реал Мадрид, Милан и Париз Сен Жермен.
- Овие големи европски градови и нивните страсни навивачи со отворени раце ме примија мене и моето семејство и ни дадоа можност да уживаме во нивната уникатна материјална и човечка култура. Живееме исполнет живот во взаемно поврзан свет, каде што сме силни, кога сме заедно како луѓе, додаде Бекам.
- Со проблемите на светот треба да се справуваме заедно, а не сами. Поради оваа причина јас ќе гласам за да останеме во ЕУ, заклучи Бекам на крајот од изјавата.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?