Еве како да станете еден од Анонимуси

Во светот Анонимуси почна да претставува многу силна група на поединци и глобално движење. Иако на сите ни се познати, всушност никој не знае ништо конкретно за нив. Во нивното официјално соопштение се објаснува кои се Анонимуси и како да се стане еден од нив.
- Што се Анонимуси? Анонимуси не се група, не се личности. Тоа е идеа. Конкретно се работи за идеја дека секој од нас заслужува слобода. Слобода на мислење, говор, изразување, знаење и верување. Слобода да се одреди текот и одредиштето на сопствените животи.
Доколку и ова е ваша идеа, тогаш сте Анонимус.
Најверојатно сте слушнале за Анонимуси, нешто е вистина, а нешто не. Ние не сме хакери. Не сме терористи. Не сме насилни. Ние сме граѓани на светот кои сведочат на тиранија, репресија и цензури. Ние сме активисти кои бараат да се промени системот и кругот на корупцијата. Ние се трудиме да направиме транспарентност во владите и сите институции на јавниот сервис. Се спротиставуваме на оние кои сакаат да ги кршат нашите права кои ги имаме како човечки битија.
Како колектив на анонимни индивидуалци, ние немаме лидер кој диктира методи на отпор. Некои од нас се хакери кои ги користат своите способности за критичните информации да бидат достапни до јавноста. Некои од нас организираат протести и митинзи. Некои од нас волонтираат за да ги нахранат оние кои тоа не можат да го прават сами. Ние сме комшии, ваши пријатели и роднини.
Ние ви подготвуваме храна, поправаме апарати, пишуваме книги, компонираме музика и ја креираме своја технологија. Ние сме ваши работрници во пошта, фризери, продавачи и адвокати. Ние сме социјалисти, капиталисти, атеисти и религиозни сме, ние сме се и ние сме никој. Никој од нас не е толку моќен како што сме сите ние заедно. Соединети како Еден, поделено со нула. Ние сме Анонимуси.
Ново на Сител
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
-

Уапсен напаѓачот на бугарската амбасада
