Свет
28. February 2016 - 9:39

Еве како да спориме со приврзаниците на Брекзит

Гардијан - Лондон

Започна нова битка за Велика Британија. Од нејзиниот исход ќе зависи судбината на два сојузи: Обединетото Кралство и Европската Унија. Ако Англичаните изгласаат напуштање на ЕУ, Шкотланѓаните ќе гласаат за излегување од Обединетото Кралство. По тоа нема да има Велика Британија. А шоковите од еден Брекзит за континентот - веќе изнемоштен од напорот од многу кризи, може да значи почеток на крајот на Европската Унија.

Така што, ако ви е грижа за Велика Британија или за Европа, а уште повеќе за двете заедно, ве молам, вклучете се во таа добра битка. Финалните преговори во Брисел беа болни и со сигурност не е почетокот кој секој би го посакал, но се уште влогот е огромен. Континенталните Европејци често сметаат на фактот дека Англија длабоко во своето срце е непријателски настроена кон Европа. Тоа не е точно. Веќе со децении најдобрите истражувања на јавното мислење констатираат дека по прашањето за ЕУ воглавно е раширен „среден слој“ од луѓе кои се колебаат во своето мислење и можат да го налегнат ридот и на едната или на другата срана. Така беше и во предвечерјето на референдумот (за приклучување кон ЕУ) во 1975 година, на кој се доби големо прелевање на гласовите од „надвор“ кон „внатре“, т.е. во полза за членство. Истото се случува и денес: 42 проценти од испитаниците на агенцијата КомРес кои велат дека ќе гласаат за останување или напуштање, додаваат дека можат и да си го сменат своето мислење.

Од многу злобни коменари на четовите дознаваме дека некои од читателите на Гардијан се жестоки евроскептици. Но сега главно се обраќам кон мнозинството од нашите читатели независно дали се Британци или не, кои сакаат Велика Британија да остане во ЕУ. Карактеристика за овој референдум е што жителите на Заедницата на нациите (поранешната Британска заедница) можат да гласаат во него, додека Французите, Италијанците и Германците кои живеат тука многу години и се многу подиректно засегнати, не можат. Но независно дали имаш или немаш право да гласаш, ти сепак имаш право да бидеш слушнат. Ве молам, кренете го гласот во баровите и рестораните, на вашите работни места или кога сте на гости кај пријатели.

Еве само неколку аргументи кои можете да ги искорстите. Најнапред, деталите од постигнатиот договор не се клучното прашање. Уште пред неколку месеци, кога Дејвид Камерон ги изложи своите планови за преддоговарање, веќе беше јасно дека тоа нема да биде фундаментална промена во односите на Велика Британија со ЕУ. Ниту пак ние веднаш ќе се откажеме во една „реформирана Европа“. Тука евроскептиците се во право: барањата на Камерон беа поумерени од оние за кои тој претендираше дека ќе ги бара. И незибежно, при ситуација кога 27-те останати членки на ЕУ требаше да бидат покреативни, постигнато од него е дри и уште поскромно. Би било лудост да дозволиме една одлука за економската и политичката иднина на Велика Британија за децении нанапред да зависи од деталите на една „нефункционална сопирачка“ во врска со помошта за мигрантите.

Брекзиот е поризичен од Бримејнот (останувањето на земјата во ЕУ). Тоа не е спорно. Ние знаеме што значи членството во ЕУ. Но не знаеме што ќе донесе останувањето надвор од него.

Преговорите за Брекзит ќе бидат долги и крвави. Најџел Лусон (познат британски конзервативец кој води битка за излегувањето од ЕУ) некако лесно дофрли дека тоа ќе биде лесно: треба само да го анулираме Актот за Европската заедница од 1972, и со еден мав Џон Бул (прекарот за Велика Британија) ќе биде слободен. Нашите партнери од континентот ќе ни дадат богат пристап до единствениот пазар по договорот за слободна трговија „од кој тие имаат многу поголема потреба отколку ние“.

Празни соништа! Прочитајте ја внимателно анализата на долгогодишнот главен правник на ЕУ, Жан-Клод Пири, за да разберете каков правен кошмар се задава. Зборувајте со политичари од континентот. Она кое штотуку го видовме во Брисел беше максималното кое тие се подготвени да го сторат за да не задржат во ЕУ. Тие нема да пројават никаква благонаклонетост ако тргнеме да напуштаме.

Многу од нашите европски партнери во даден момент ни завидуваат на тоа што сме надвор од Шенген зоната и лошо конструираната еврозона, но сме во се друго во кое сакаме да бидеме. Бриселскиот договор покажува дека нашите европски партнери се помириле дека Велика Британија сака во скора иднина да замрзне, во општи црти кажано, на сегашната етапа од својата интеграција. И имено тоа, а не Брекзит, е најдобрата можна алтернатива во овој случај.

Надвор е студено. Колку повеќе ги гледаме Норвешка и Швајцарија, толку понепривлечно изгледа нивната ситуација. И значаен број од лидерите во бизнисот и на синдикатите не сакаат да го прифатат тој ризик. ЕУ ја користи привлечноста на својот единствен пазар од 500 милиони конзументи, за да си обезбеди корисни договори за слободна трговија со голем дел од светот.

Предизвик за логиката е да се мисли дека Велика Британија може сама да постигне подобри договори. Главниот трговски претставник на САД, Мајкл Фроман, минатата година рече дека нема да има договор за слободна трговија со Велика Британија ако таа ја напушти ЕУ, и дека САД не би имале интерес да преговараат за таков договор.

Членството во ЕУ не штити од тероризмот и меѓународниот криминал. Не ме слушајте мене, слушајте ја министерката за внатрешни работи на конзервативците, Тереза Меј. Токму затоа таа го поддржа членството на Велика Британија во најважните европски мрежи за полициска и судска соработка и ќе настојува за останувањее на земјата во ЕУ.

Тоа е од животна важност и за нашата национална безбедност. Највисокиот воен претставник во нашата земја - фелдмаршалот лорд Брамол, кој не е никаков вдаховен еврофил - предупредува дека ако напуштиме „една распарчена и деморализирана Европа од другата страна на Ламанш“ тоа ќе се претвори во закана за нашата безбедност.

Ако останеме, можеме да бидеме едни од лидерите на европската надворешна политика при справување со длабоките причини за таквите проблеми како што се бегалските текови од Блискиот исток. Владимир Путин и Марин Лепен сакаат да напуштиме. Барак Обама, Ангела Меркел и нашите традиционални пријатели во Европа, Северна Америка и Обединетите нации сакаат да останеме. Потребно ли е повеќе да набројувам?

Брекзитот би бил катастрофален за Ирска. Според поранешниот ирски премиер, тоа „ќе удри силно врз многу од стореното во мировниот процес и ќе се отворат огромни прашања во однос на границите и пристапот до пазарот на трудот“. Во Велика Британија живеат над 380,000 ирски граѓани и тие немаат право да гласаат на референдумот, исто како и многу Британци (меѓу кои и јас) со ирско потекло. Ако се грижите за Ирска, гласајте за останување.

Шкотска би го напуштила Обединетото Кралство. Ако тоа ве вознемирува, гласајте за останување.

ЕУ може да се смени. Реформите кои Камерон успеа да ги договори, се скромни. Но во земји како Германија се подига се погласен хор од гласови кои не велат само „ние треба да го сториме тоа за да ја задржиме Велика Британија во унијата“, туку „ние навистина треба да ја реформираме ЕУ“. Ако Велика Британија остане, лобито за реформи е силно, а ако напушти - многу послабо.

Многу од овие аргументи се произлезени од разумност, а не од визионерски оптимизам - и во тоа неа ништо лошо. Евроскептиците оквалификуваат како „паничари“. Ете, претпоставувам дека може да се нарече паника, кога некој ти вели да не скокаш од палубата на прекуокеански брод при бура од 9 јазли. А всушност тоа е здрав разум.