Еве каде се крие Анџелина Џоли со децата
Славната актерка Анџелина Џоли долго време го планирала разводот со Бред Пит, иако нам ни се чинеше ненадеен, таа се одлучила за овој потег долго пред инцидентот помеѓу Бред и нивните деца.
Анџелина Џоли по се изгледа дека долго го планирала разводот од Бред, бидејќи таа изнајмила луксузна вила во Mалибу неколку недели пред да ги предаде документите за развод.
Барањето за развод го поднела на 19 септември, а вилата ја изнајмила неколку недели пред тоа за 95.000 долари месечно. Куќата инаку вреди 12 милиони долари, а Анџелина во моментот таму живее со шесте деца.
Актеркатa ја одбрала оваа куќа затоа што му нуди на нејзиното семејство приватност бидејќи е оградена, а Анџелина поставила дури и чувари на влезот. Од куќата воопшто не излегува, туку сите работи за неа ги извршува нејзината лична асистентка.
Бред останал во семејната куќа, а полицијата мора да стражари околу вилата поради премногу големото медиумско внимание.
„Дејли мејл“ објави ексклузивни фотографии од луксузното скривалиште на Анџелина.
Ново на Сител
-
Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил
-
Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина
-
Голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино
-
За влез и излез од државава се чека до 30 минути на граничните премини
-
Странски експерти ќе утврдуваат дали се правеле непотребни кардиолошки операции во приватните болници
-
Муцунски во Брисел на средби со Марта Кос и Јан Копман
-
Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху
-
ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари