Свет
17. October 2016 - 18:55

Евакуирани два аеродрома и два мола во Данска по закана за поставена бомба

Низа закани за поставени бомби денеска доведоа до евакуација на два аеродрома и два трговски центра во Данска, а кратко време беше затворен и универзитетскиот кампус во Копенхаген, соопшти полицијата.

Телефонски закани имало и до други институции, вклучително и аеродромот во Копенхаген, но не биле сфатени сериозно, бидејќи биле испратени од исто лице.

Евакуирани биле аеродромите и трговските центри во градовите Роскилде и Слагелсе.

- Немаше хаос или паника, но се чувствуваше стравот, изјави очевидец.