Балкан
29. July 2019 - 13:18

Евакуирана зградата на „Слободна Далмација“ поради дојава за бомба

Поради дојава за поставена бомба, евакуирана е зградата на „Слободна Далмација“.

Евакуацијата е извршена околу 12 часот откако непознато машко лице пријавило на редакциски телефон дека е поставена експлозивна направа во објектот, поради што полицијата била повикана.

Полицијата се наоѓа во зградата и врши претрес, јавија хрватски медиуми.