Еуростандард банката престанува со работа

Народната банка им ја одзеде дозволата, затоа што не ги исполниле минималните законски услови. Утре до надлежниот суд ќе побараат отворање на стечајна постапка. Според гувернерката Бежовска, граѓаните кои имаат заштеди до 30 илјади евра, не треба да стравуваат – депозитите ќе ги добијат во целост. Останатите кои имаат над оваа сума - парите ќе ги чекаат од стечајната постапка.
„Согласно 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра, изјави гувернерката на Народната банка Анита Бежоска.
Банката изминатив период била под засилен надзор, а супервизорските тимови постојано констатирале висока изложеност на кредитен ризик. Ова значи дека се давале повеќе кредити од можноста на банката, без да се обезбеди соодветно покритие за нив. Побарале докапитализација, која банката не ја спроведила во целост, вели Бежовска.
„Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање“, рече Ангеловска-Бежоска на прес-конференција.
Со згаснувањето на Еуростандард нема да се загрози стабилноста на банкарскиот систем, уверува Бежовска. Инаку во Еуростандард беа вработени 170 лица.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
-

Приведен Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и директор на Царина
-

Маж од Скопје изгубил 309.800 денари, измамен од лице кое требало да му посредува за кредит
-

Кривичнa за инвеститор и општинска инспекторка поради уривање на заштитен објект во Куманово, посветен на народниот херој Киро Фетак
-

Уапсен 46-годишник од Скопје, пукал кон полицајци кои сакале да го легитимираат
-

74-годишен тетовец пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-

Мицкоски за контролата на АХВ: Најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните
