Еурофарм Пелистер подобар од Кадетен
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Кадетен од Шафхаузен со 27:26, полувреме 15:12.
Одземајќи им три од вкупно четири бодови во двата натпревара, битолчани потврдија дека во моментов се подобар тим од швајцарскиот претставник во европската ракометна лига.
Вчерашната средба во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше одбележана со постојано водство на домашната екипа и без можности за непријатно изненадување, затоа што гостите ниту во еден момент од мечот немаа водство.
Во првото полувреме, благодарение на ефикасноста на Мандалиниќ, Периќ и Радовиќ, битолчани обезбедија предност од 15:12, а нивната ефикасност беше главен фактор за конечната победа од 27:26 која иако е со тесен резултат сепак е повеќе од заслужена.
Статистички најефикасни на средбата беа Периќ, кој постигна седум, и Табоада со шест постигнати голови, додека, во гостинскиот тим се истакна Зендер кој шест пати го погоди голот на Шекељи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев