Фудбал
22. јуни 2016 - 12:31

ЕУРО 2016: Разврска во групите Е и Ф

 Со натпреварите кои ќе се играат денеска, а во рамките од последното 3.коло во групите Е и Ф, ќе биде комплетиран списокот на селекциите кои ќе играат во осминафиналето на Европското првенство во Франција. 
 
Во терминот од 18 часот ќе започнат натпреварите од Ф групата меѓу Исланд – Австрија и Унгарија – Португалија. 
 
Унгарците без разлика на исходот против Португалија веќе обезбедија осминафинале, но од која позиција останува да се види. 
 
Затоа пак останатите три селекции ќе се борат за бодовите, односно второто и евентуално третото место кои водат меѓу шеснаесетте најдобри.
 
Во пресрет на овие натпревари, водечка е Унгарија со 4 бодови, пред Исланд и Португалија кои имаат по 2, односно Австрија која има само 1 бод. 
 
Идентична е ситуацијата и во групата Д, во која Италија со 6 бодови, е сигурен осинафиналист, додека Белгија која има 3 бода, заедно со  Швадска и Република Ирска кои имаат по 1, ќе се борат за второто место во оваа конкуренција. 
 
Во последното коло од оваа гупа вечерва од 21 часот, во Лил ќе играат Италија и Република Ирска, додека во Ница ќе се сретнат Шведска и Белгија.