-->
-->
ЕУРО 2016: Полска е првиот четвртфиналист
-->
Селекцијата на Полска е првиот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство што се одржува во Франција.
Во првиот меч од нокаут фазата, односно осминафиналето Полска со 5:4 на пенали ја победи Швајцарија на мечот кој се играше во Сент Етјиен.
Регуларните 90-минути завршија нерешено 1:1 откако Полска поведе во 39-минута со голот на Јакуб Блажиковски , а Шаќири во 82-та израмни на 1:1 и се избори за дополнителни 30-минути во кои немаше гол.
Во пенал рулетот повеќе нерви имаат Полјаците кои ги реализираа сите пет удари, додека за Швајцарија во втората серија не погоди Чака.
Така Полска во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Хрватска и на Португалија кој ќе се игра во Ленс вечерва со почеток од 21 часот.
Во второто осминафинале на „Паркот на Принцовите“ во Париз играат Велс и Северна Ирска.
ФУДБАЛ - ЕУРО 2016 1/8 финале
сабота
15 часот: Швајцарија – Полска 4:5 на пенали (1:1)
18 часот: Велс – Северна Ирска
21 часот: Хрватска Португалија.
Недела
15 часот: Франција – Република Ирска,
18 часот:Германија – Словачка,
21 часот:Унгарија – Белгија,
Понеделник
18 часот:Италија – Шпанија и
21 часот:Англија – Исланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора
-
Столтенберг ги повика сојузниците во НАТО да ги укинат ограничувањата за употреба на западно оружје од Украина против цели во Русија
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
77 санкции за пребрзо возење, 27 за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово
-
Над 12 илјади граѓани заминале на продолжен викенд надвор од Македонија
-
За три месеци протерани 483 македонски граѓани од Германија
-
Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
-
Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“