-->
-->
ЕУРО 2016 - квалификации: Минимални победи за Исланд и Велс
-->
Репрезентациите на Исланд и на Велс се чекор поблиску до пласман на завршницата на ЕУРО 2016 што ќе се игра во Франција. Двете селекции на синоќа одиграните дуели од 7.коло од квалификациите постигнаа минимални победи на гости и се лидери на табелите во своите квалификациски групи.
Исланд ја победи Холандија, додека Велс славеше над Кипар.
Резултати и табели по 7.коло:
А група: Холандија – Исланд 0:1, Чешка – Казахстан 2:1 и Турција – Летонија 1:1.
Табела: Исланд 18 бодови, Чешка 16, Холандија 10, Турција 9, Летонија 4, Казахстан 1.
Б група: Кипар – Велс 0:1, Белгија – Босна и Херцеговина 3:1, Израел – Андора 4:0.
Табела: Велс 17, Белгија 14, Израел 12, Кипар 9, Босна и Херцеговина 9, Андора 0.
Х група: Азербејџан – Хрватска 0:0, Бугарија – Норвешка 0:1, Италија – Малта 1:0.
Табела: Хрватска 15, Италија 15, Норвешка 13, Бугарија 8, Азербејџан 5, Малта 1.
Вечерва се играат осум натпревари во три групи, а двојките се:
Грузија – Шкотска, Германија – Полска, Гибралтар – Република Ирска (Д група),
Фарски Острови – Северна Ирска, Грција – Финска, Унгарија – Романија (Ф група),
Данска – Албанија и Србија – Ерменија (И група).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Влезниците за ЗОИ 2026 поскапи од ОИ 2024 во Париз
-
РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП
-
Дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
-
На Царина запленети автомобили, тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и брендирани женски обувки | ФОТО
-
Вашингтон Пост: Маск без успех апелирал до Трамп да се откаже од воведувањето нови царини
-
Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп
-
Вчера 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 214 за брзо возење
-
Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите