-->
-->
ЕУРО 2016: Казна за Хрватска од 100.000 евра
-->
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХФС) со 100.000 евра и со забрана на влезници за натпреварите на лица кои се наоѓаат на листата на хулигани. Казната е одредена за инцидентот (прекин на натпреварот Хрватска – Чешка) кои го направија хрватските навивачи на стадионот во Сент Етиен на 17.јуни.
Во 85.минута од натшреварот хрватските навивачи со фрлање на бакљи и топовски удари на терен, го прекинаа дуелот.
УЕФА има покренато постапка против ХФС и за дуелот од 1.коло од ЕУРО 2016 против Турција поради пиротехника и втрчување на навивачи на терен. Одлука за ова ќе биде донесена на 21.јули.
Хрватскиот фудбалски сојуз поради казни во претходните пет години има платено повеќе од половина милион евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски