-->
-->
ЕУРО 2016: Италија против Шпанија во 1/8 финалето
-->
По поразот од Хрватска 2:1 во послендиот натпревар од групната фаза, актуелниот европски шампион Шпанија го освои 2.место во Д групата, а со тоа „го одбра„ и потешкиот пат до финалето.
„Црвената фурија“ за место меќу осумте најдобри ќе треба да ја мине репрезентацијата на Италија против која ќе игра во 1/8 финалната рунда и тоа во понедленик (27 јуни) во Париз на „Стад де Франс“.
Покрај овој познат е уште еден пар во првата елиминациска рунда, и тоа првиот меч според распоредот кој ќе се игра на 25 јуни (сабота), а во кој ќе се сретнат селекциите на Швајцарија и Полска.
Покрај овие четири селекции, досега пласман во 1/8 финалето обезбедија и: Велс, Хрватска, Франција, Германија и Англија.
Комплетните двојки за 1/8 финалето ќе бидат познати денеска по одигрувањето на дуелите од последното 3.коло во Е и Ф групите: Исланд - Австрија и Португалија - Унгарија (од 18 часот), Италија - Р.Ирска и Белгија - Шведска ( од 21 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите