„ЕУ за македонското културно наследство“ - отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, вечер од 18 часот во Центарот за култура-Битола ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“.
Најавени се обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ - домаќин на кампањата „Ние сме Европа“, која се организира во осум градови низ државава.
На третиот настан од кампањата, овојпат во Битола, ќе се обрати и Андреа Штајнер-Вотавова - заменик-амбасадорка на Чешка, како и други гости на трибината.
Кампањата „Ние сме Европа“ почна со трибина отворена за граѓаните во Скопје, продолжи во Струмица, а по вечерашната во Битола, трибини во наредните денови ќе има и во Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Куманово.
-Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права итн, соопшти СЕП.
Соодветно за секој од градовите, посочува СЕП, се отвораат точки за дискусија на неколку теми и тоа: култура, енергетика, туризам, земјоделство, економија, млади, инфраструктура и социјала. Активностите во секој од градовите вклучуваат и посета на локалитет од значење за конкретниот град.
Ново на Сител
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
