ЕУ за да ги укине визите за Косово бара исполнување на уште еден услов
Канцеларијата на Европската унија во Косово, предводена од Наталија Апостолова, ја поздрави ратификацијата на Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница, нарекувајќи го значаен момент за Косово и неговите граѓани.
Во соопштението се наведува дека ратфикацијата на договорот е конкретен пример на посветеноста на Косово за добри односи со соседите, како и исполнување на еден од двата простанати критериуми за визна либерализација за Косово.
- Би сакале да ги искажеме нашите срдечни честитки до пратениците на Косово, кои го направија тоа можно. Процесот беше долг и понекогаш проблематичен, но на крајот беше постигнат вистинскиот резултат за народо на Косово. Сепак, со жалење гледавме како дискусијата во Собранието беше попречена од континуираните напори за прекнување на процедурата со фрлање солзавец. Силно ги осудуваме сите акти на насилство против пратениците на Косово, таквите практики немаат место во политички дискурсии, се посочува во соопштението.
Но, според соопштението за медиумите, потребни се резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како втор критериум за укинување на визите.
- Се надеваме и очекуваме дека меѓупартиската соработка за ратификација на договорот за демаркација ќе биде знак за идните потези во прашањата од големо значење за Косово. Сега, вниманието треба да се фокусира на зајакнување на резултатите од борбата против организираниот криминал и корупцијата. Очекуваме сите партии да продолжат со напорна работа и напори за исполнување на преостанатиот критериум за визна либерализација и за унапредување на европската перспектива на Косово, се навдува во соопштението.
Ново на Сител
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП