ЕУ воведува визи за американските граѓани од 2021 година
Европската Унија од 2021 година ќе воведе визи за американските државјани кои патуваат во 26-те земји на Шенген зоната, соопшти денес Си-Ен-Ен.
Се истакнува дека американските граѓани визите ќе ги добиваат преку Систем за авторизација на влез во Европа (ЕТИАС) со кој се регулира влезот во Шенген зоната.
Телевизијата се повикува на веб-сајтот на ЕТИАС каде се вели дека одлуката делумно е врз основа на засилени мерки за безбедност во регионот вклучително и за намалување на ризиците од нелегалната имиграција и тероризмот.
За оформување на документот, Американците ќе треба да прикажат пасош, кредитна или дебитна картичка и да укажат електронска адреса. Визата ќе биде со рок на важност од три години без ограничување на бројот на патувања.
САД и ЕУ имаат нерешено прашање околу визи за Бугарија, Хрватска, Полска, Романија и Кипар. Од цела ЕУ, само граѓаните од овие пет земји мораат да аплицираат за визи за патување во САД.
Во моментов американските државјани во ЕУ патуваат без виза со дозволен престој до 90 денови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство