ЕУ-советот за одбрана посветен на помошта за Украина
Министрите за одбрана на ЕУ денеска ќе имаа средба во Советот на ЕУ, а Украина останува главна тема, но ќе се разговара и за ситуацијата во Мали, јави дописничката на МИА од Брисел.
Како што најави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, министрите денеска формално ќе бидат информирани за одлуката да се испратат дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина од Мировниот фонд на ЕУ.
Во текот на денот на министрите ќе им се придружи министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников, а подоцна и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
– Мораме да продолжиме да ги поддржуваме Украинците со оружје, ќе одобриме дополнителни 500 милиони евра од одбранбениот фонд, потврди Борел.
Министрите ќе разговараат и за потребата да ги зголемат буџетите и капацитетите за одбрана во ЕУ, рече шефот на ЕУ дипломатијата.
Тој истакна и дека целосно го поддржува членството на Шведска и на Финска во НАТО, додавајќи оти се надева дека Северноатлантската алијанса ќе успее да ги надмине приговорите што ги има Турција кон членството на овие две европски земји во трансатлантскиот воен сојуз.
Членките на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Мали и за усвојувањето на стратешкиот компас на ЕУ.
Ново на Сител
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
