ЕУ: Речиси нема миграциски бран кон Грција, но не и кон Италија
Миграциските бранови кон Грција речиси се сведени до нула од април годинава, по трите важни мерки. донесени во февруари и март, се наведува во извештајот на Советот на Европска унија.
На почетокот од годината ЕУ воспостави гранична контрола во шенген зоната, го затвори патот за мигрантите преку Балканот и склучи договор со Турција за миграцијата.
Во исто време бранот бегалци кон Италија бележи тенденција на раст во последните три години, а во периодот од март до септември достигна над 25.000 луѓе месечно.
Најбројни кои се упатуваат кон Италија се Нигеријците (21 процент), потоа следат државјаните на Еритреја (12 отсто). Потоа следат државјани на Гвинеја, Брег на Слонова Коска, Гамбија, Сенегал, Мали, Судан, Бангладеш и Сомалија.
За трите години военопоморските мисии на ЕУ во Средоземно Море помогнале во спасување на повеќе од 110.000 мигранти.
Податоците покажуваат дека 4.699 мигранти се удавиле во последните 11 месеци.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот