ЕУ разочарана од резултатите во борбата со корупцијата
ЕУ е разочарана од резултатите во борбата против корупцијата. Амасадорот Гир со оценка дека од последниот извештај на ЕК во октомври многу малку е направено во оваа сфера која е клучна за напредокот на земјата во евроинтегративниот процес.
И вицеприемиерката Грковска се согласува дека резултатите од спроведувањето на националната стратегија за борба против корупцијата се поразителни. Не гледа вина во својот кабинет, кој како што вели покренува иницијативи за злоупотреби од страна антифункционери, но очекува и другите институции да работат подговорно.
И Антикорупциска, како и ЕУ, нотира катастрофални резултати во борбата против корупоцијата и спроведување на националната стратегијата, со оценка дека само 10 проценти од акцискиот план се реализирани минатата година.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
