ЕУ: Ракетното тестирање не е прекршување на договорот за иранската нуклеарна програма

Иранската балистичка ракетна програма не е дел од меѓународниот договор (за иранската нуклеарна програма), па затоа тестирањето на балистичката ракета не го прекршува договорот, изјави денеска претставник на Европската комисија.
- Европската унија е загрижена за иранската ракетна програма и го повика Техеран да се воздржи од дејствија што го поткопуваат договорот, како на пример ракетни испитувања, додаде претставникот на ЕК.
ЕУ очекува Иран да ги исполни сите свои меѓународни обврски.
ЕУ ќе ги задржи воведените ограничувања во однос на иранската ракетна програма за период од осум години од нивното усвојување во 2015 година, или додека Меѓународната агенција за атомска енергија заклучи дека сите нуклеарни материјали во Иран се користат за мирољубиви цели.
- Дали тестирањето на балистичката ракета е во спротивност со соодветната резолуција на Советот за безбедност на ОН, ќе процени советот, додаде претставникот на ЕК.
БТА јави дека Иран денеска одбил да потврди дали во земјата биле извршени тестирања со балистичка ракета.
Според Техеран, ракетите „не се констуирани да носат нуклеарни боеви глави“.
Советот за безбедност на ОН на Иран со резолуција му забрани тестирања на балистички ракети приспособени да носат нуклеарни боеви глави.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
