ЕУ поставува детектори за лаги и звучни топови на границите
Европската унија ќе финансира нова опрема на надворешната граница на ЕУ во Грција, а по должината на оградата висока пет метри ќе бидат инсталирани специјални камери, детектори за лаги и звучни топови, јавува „Вечерњи лист“.
Со детекторите ќе се проверува дали мигрантите ја кажуваат вистината за нивниот идентитет и земјата од каде доаѓаат затоа што огромното мнозинство пристигнува без документи.
Исто така, се планираат звучни топови кои ќе создадат бучава и на тој начин би ги спречиле мигрантите да пристигнат на границите на ЕУ. Европската левица и Зелените се згрозени од ваквите потези на Брисел и Атина, пренесува хрбатски „Вечерњи лист“.
Поради пренатрупаните бегалски кампови, земјите-членки на ЕУ со години неуспешно се обидуваат да постигнат согласност за заедничка политика за азил. Бидејќи мигрантите сè повеќе доаѓаат во Европа, ЕУ одлучи да се спротивстави на мигрантите со камери, детектори за лаги и звучни топови, што може да го запре приливот на мигранти во земјите на ЕУ.
На грчко-турската погранична река Еврос во моментов се тестира технологијата на специјални камери кои продираат низ лисјата за да најдат луѓе кои се кријат во грмушките.
Европската комисија го поддржува проектот со осум милиони евра, што е само еден од многуте проекти, вели Ерик Маркарт, член на Зелените во Европскиот парламент, истакнувајќи дека сега тие имаат ситуација во која се чини дека силниот звук на топовите ги спречува луѓето да дојдат до граничните премини и да поднесат барање за азил.
– Тоа апсолутно нема никаква врска со почитувањето на човековите права и достоинството, ниту со европското право, вели Маркарт.
Звучен топ треба да биде еден вид физичка бариера. Уред монтиран на оклопно возило предизвикува бучава слична на млаз во широк опсег. Активистите за човекови права сметаа дека тоа е напад врз здравјето на мигрантите, пренесува Вечерњи лист.
Ново на Сител
-

Сообраќајот непречено, по влажни коловози
-

Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората
-

Православните христијани го слават Бадник
-

Променливо облачно со повремен локален дожд и наместа засилен ветер од јужен правец, од утре дожд и снег
-

Топ-листа на десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња
-

Мадуро пред судот во Њујорк: Јас сум киднапиран и сè уште сум претседател на Венецуела
-

Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
-

Алонсо: Гарсија е совршен пример за тоа што значи да се биде производ на академијата на Реал
