ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
Европската унија има намера, за првпат, да замрзне дел од средствата од ковертот наменет за Украина додека чека понатамошни реформи од страна на Киев. Таа постапка не е поврзана со борбата против корупцијата и новиот закон што предизвика жестоки контроверзии и протести во Украина минатата недела.
Помошта што Европската комисија му ја дава на Киев е условена од спроведувањето на одредени реформи поврзани со почитувањето на владеењето на правото. Меѓу различните пакети помош, планиран е пакет од 4,5 милијарди евра, во замена за спроведување 16 реформи.
Сепак, според ЕК, Киев заостанувал во спроведувањето на три реформи, што довело до замрзнување од приближно 1,5 милијарди евра на крајот на јуни. Мерката за замрзнување се уште треба да биде потврдена од сите 27 земји-членки на ЕУ.
„Доколку реформата не биде завршена на време, соодветниот износ може да биде суспендиран до 12 месеци“, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница